МЗ Сали потврди дека во игра се 3 локации за новиот клинички центар

Сподели

 

Министерот за здравство Беким Сали на денешната прес-конференција ја истакна поранешната касарна „Илинден“ како една од трите можни локации за изградба на нов клинички центар.

“Локацијата не е одредена. Локациите засега сè уште се Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има постоечка болница со надградување и проширување на дејноста. Клиничкиот центар треба да се изгради на локација со постојна логистика, да не трошиме дополнителни средства за оддалеченост која во минатото била предмет на дискусија и блокирање“, рече министерот Сали.