Санкционирани 105 возачи во Скопје

Сподели

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири за брзо возење, три за минување на црвено светло…

МВР апелира граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.