Санкционирани 113 возачи во Скопје – 11 за возење без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречи 113 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
 
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 30 за непрописно паркирање…
 
МВР паелира граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.