Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државва, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.