Санкционирани 148 возачи – 60 под дејство на алкохол

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
 
На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 60 санкции за возење под дејство на алкохол.
 
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
 
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.