Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата, санкционирани се 158 пешаци од кои, 149 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
За време на контролата санкционирани се и 104 други видови на прекршоци.
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.