Санкционирани 170 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 45 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.