Санкционирани 197 пешаци за небезбедно преминување на улица

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
 
При контролата, санкционирани се 197 пешаци од кои, 175 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
 
За време на контролата регистрирани се и 49 останати прекршоци.
 
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
 
Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.