Санкционирани 242 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 242 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.

МВР апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.