Санкционирани 244 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата надржавава, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 244 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.