Санкционирани се 198 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 198 возачи.

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.