Санкционирани се 242 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 242 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 147 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.