Санкционирани се 259 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи.

Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.