Санкционирани се 276 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден  Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 276 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час.

Притоа 154 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 122 надвор од населено место. 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.