Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 306 возачи.
Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.
Притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.