Санкционирани се 404 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (08.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 404 возачи.

Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 219 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место.