Сараево доби 13 метарски мурал на Дејвид Боуви

Сподели

20160529_123534-800x450

Група на уметници од Босна и Херцеговина деновиве открија голем мурал на Дејвид Боуви во Сараево, пишува „Глобал Војсис“.

Со ова дело, уметниците кои себе се нарекуваат „Тим Боуви“ сакале да изразат благодарност за придонес на Боуви во хуманитарните акции на пејачот за време на војната во државата.

Муралот на Боуви е насликан на ѕидот на една трошна зграда во кампусот на Универзитетот во Сараево.

Според локалниот портал „Кликс.ба“ ова е најголемиот мурал на Боуви во светот, широк 10.5 метри, а висок 13 метри.

Сараево доби 13 метарски мурал на Дејвид Боуви