Сашо Мијалков осуден на 12 години затвор,Гордана Јанкуловска на 4 години

Сподели

Основниот Кривичен суд Скопје денес ги прогласи за виновни сите обвинети во случајот „Таргет-Тврдина“ за сите поднесени кривични дела. Притоа изрече казна од  12 години затвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и  4  години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. 

За Горан Грујевски судот досуди затвор од вкупно  15 години, за Тони Јакимовски 6 години затвор, а за Никола Бошовски 15 години затвор. 

На Горан Грујевски и на Никола Бошковски им се судеше во отсуство. Вкупно 130 оштетени, според изјавата на судијката, побарале оштета за нарушувањето на приватноста од вкупно 20.000 прислушувани. Биле сослушани вкупно 123 сведоци, а судот не прифатил само мал дел од понудените докази на одбраната заради рационалност на процесот.

Пред презентирањето на пресудата судијата Владимир Туфегџиќ рече дека не се работи за еден случај туку за изграден систем на прислушување и дека не било доволно да се прислушува само политичкиот противник туку обемот се проширува и на најблиските соработници , така што секој секого прислушува. Целта била да се обезбеди целосна контрола на сите области во државата. Тој рече дека тврдењата на обвинетите дека прислушувањето се правело од надвор не било докажано од одбраната. Ова треба да биде опомена и јасна порака до државните институции дека треба да ги заштитат од вакви злоупотреби.  Во текот на постапката, според него, внимателно се анализирани наводите на обвинетите имајќи го во предвид фактот дека добиле амнестија, но заклучи дека таа амнестија не е пречка да се донесе пресудата и за тоа ќе има посебно образложение. Тој најави и независна непристрасна истрага за бегството на Сашо Мијалков за да се отстрани секој сомнеж за влијание на процесот. Тоа му го должиме на општеството, рече тој, нагласувајќи дека ако не се направи тоа ќе остане недовербата во судството.