Сашо Тасевски е назначен за нов директор на БЈБ

Сподели

Владата на  денешната седница, донесе одлука Сашо Тасевски да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност.

Тасевски досега ја извршуваше функцијата началник на Шестата управа при Министерството за внатрешни работи.

Сашо Тасевски е искусен полицаец, кој во МВР работел од 2001 година. Од пред неколку месеци е раководител на Управата за обезбедување личности и објекти на МВР, а во својата досегашна кариера работел како обезбедување кај поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, како и кај техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.