СДСМ ги откажува митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани

Сподели

 

Ова е време кога сме соочени со уште една битка којашто од секој поединец бара одговорно однесување, дисциплина и строго почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Секој од нас мора доследно да ги почитува задолженијата и забраните. Таму кадешто мерките се почитуваат, вирусот е поразен.

Овој удар на епидемијата ќе го победиме сите заедно, единствено доколку се држиме до мерките и никако поинаку.

Секој еден грѓанин може да придонесе за запирање на ширењето на коронавирусот.

Секој еден е важен и сечие однесување прави промена.

Здравствените власти кои повеќе од четири месеци вложуваат натчовечки напори да го спасат сечиј живот и да им го вратат доброто здравје на пациентите, немаат други механизми доколку ние не им помагаме со одговорно однесување.

Најсилното оружје за борба против вирусот е нашата свест и одговорност.

Во пресрет на изборите, СДСМ ќе води одговорна кампања како што и доликува на државотворна и зрела партија. Сите активности на партијата во следниот период ќе бидат исклучително организирани и спроведени почитувајќи ги мерките за заштита.

СДСМ докажа дека знае и умее да делува во интерес на граѓаните. СДСМ ги откажува митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани и преку поинакви активности ќе ја испрати својата порака, но и ќе го заштити здравјето на  своите активисти, членови и на сите граѓани.