СДСМ: КРАЈ НА ПРИТИСОЦИТЕ И СТРЕСОТ-ЌЕ ЈА УКИНЕМЕ РАДИОДИФУЗНАТА ТАКСА

Сподели

7982-sdsm-zname1-670x423

Соопштение на СДСМ:

После 11-ти декември никој повеќе во Македонија нема да плаќа радиодифузна такса.

Ставаме крај на притисоците, блокираните сметки и стресот од извршителите за неплатените сметки од радиодифузната такса!

Македонската радио телевизија ќе биде јавен сервис на граѓаните финансиран директно од Буџетот.

 Неодговорната власт преку УЈП ги толерира милионските долгови на МТВ за неплатени даноци, а се заканува со присилна наплата на радиодифузна такса на 85.000 граѓани!

Груевски на граѓаните им испрати извршители на врата по разни основи, а со нивните мачно заработените пари си купи Мерцедес од 600.000 евра и очила од 60.000 долари.

Завршува присилното време на Никола Груевски!

Радиoдифузната такса ќе ја укинеме! Промените се случуваат! Македонија се менува!