СДСМ: После 11 изгубени години граѓаните немаат уште еден живот да му доверат на некој нов Никола Груевски

Сподели

Како партија која што 11 години ја пустошеше Македонија и ги осиромашуваше граѓаните, додека нејзините челници грабаа се што можеа да грабнат, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема никаква разлика во нејзиното однесување и делување.

ВМРО-ДПМНЕ е со исти манири на потценување на граѓаните, на нивната свест и совест.

Што и да зборува и со какви лаги да се служи, во колективната меморија на сите граѓани на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе остане симбол за криминал, расипништво, корупција, осиромашување на граѓаните и оддалечување на земјата од европските вредности.

Нема никаква разлика – Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години.

После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Никола Груевски, со кого еднаш веќе расчистија.

Заветот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поделбите и минатото. Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина, економски раст и членство во ЕУ и НАТО.