СДСМ: Усвоен новиот Закон за прекршоци – Нема веќе драконски казни, нема репресија

Сподели

Ставаме крај на драконската казнена политика, воведуваме превенција наместо репресија, а казните се намалуваат и до 75 отсто.

Со новиот Закон за прекршоци, казните за физички лица ќе изнесуваат од  15  до максимални 250 евра, наместо досегашните максимални 1.000 евра.

Минималната глоба за малите фирми според новиот закон ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра што е намалување за два и пол пати во споредба со стариот закон кога максималната глоба изнесуваше 5.000 евра.

За првпат се прави градација меѓу малите, средните и големи претпријатија, што е правично и праведно.

Наместо изживување врз граѓаните и компаниите, се воведува нов столб на казнената политика – изрекување опомена пред казна.

Опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата.

СДСМ преку Владата и парлементарното мнозинство што ги предводи останува посветена на реформите што го олеснуваат животот на граѓаните.

Ги оставаруваме дадените ветувања, воведуваме правичност, казните да имаат превентивна и корективна улога, а да не бидат екстремна мерка со која само ќе се полни Буџетот – се вели во соопштението на СДСМ.