Реакциите на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија се неосновани.
Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Македонија и Бугарија е во интерес на двете држави и нивните граѓани и е во согласност со националните и државни интереси на Република Македонија.
Тоа што целиот демократски свет го поздравува Договорот како значаен исчекор кон евро-атланските интеграции и го истакнува значењето за регионалната и меѓународната позиција на Република Македонија, а само ВМРО-ДПМНЕ неосновано е против, ги оживува политиките на оваа опозициска партија за поделби и изолација.
ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и да ги напушти политиките на изолација, конфликт и поделби во кои со години е заробена и да даде поддршка на политиките што обезбедуваат пријателство, соработка, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО што истовремено е и врвен државен и национален интерес.