Во овие одлучувачки часови за иднината на Северна Македонија, кога Уставниот суд разгледува прашања што можат суштински да ја променат структурата на нашата мултиетничка држава, ѝ се обраќаме на совеста на судиите и на совеста на оние кои влијаат врз нивните одлуки, се наведува во соопштението на ДУИ.
Ова е критичен момент не само за Албанците, туку и за сите граѓани на државата кои веруваат во демократските вредности, еднаквоста и соживотот.
Како легитимни претставници на мнозинската волја на Албанците во Северна Македонија од последните избори, нагласуваме дека секое нарушување на уставната еднаквост претставува нарушување на мирот, стабилноста и заедничкиот прогрес.
Охридскиот рамковен договор не е документ што може да се менува според дневно-политичките интереси; тој е темелот што ја држи обединета една мултиетничка и демократска држава.
Денес, повторно сме на раскрсница, каде што нашето право на претставување, еднаквост и заслужено место во ова општество е доведено во прашање.
Им се обраќаме на судиите на Уставниот суд: Ова не е само правна одлука – ова е одлука што ќе одреди дали Северна Македонија ќе остане држава во која сите нејзини граѓани се чувствуваат еднакви и почитувани. Не ја правете историската грешка да уништите она што заедно сме го изградиле со голем труд и напор. Ги повикуваме и граѓаните, како и меѓународните институции, внимателно да го следат овој процес.
Нема функционална демократија без целосно почитување на Албанците и на нивните уставни права.
Не заборавајте: Демократијата не е подарок, таа е одговорност. Денес, ваша е одговорноста да не ја предизвикате.