Се одржа 19-та седница на Советот за безбедност

Сподели

 

“На 19-та седница на Советот за безбедност разговаравме за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион”, изјави претседателот Пендаровски, по одржувањето на седницата.
 
“Надлежните претставници на институциите информираа за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата и поширокиот регион, вклучувајќи ја руската агресија врз Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во Република Косово.
 
 
 
 
 
Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување.
 
На седницата на Советот за безбедност беше констатирана потребата надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено преземање на мерки и активности од нивна надлежност”, изјави претседателот Пендаровски.