Се отвори ски центарот „Михајлово“

Сподели

Ски центар ,,Михајлово” е официјално отворен, а првите скијачи имаа можност да уживаат во снегот на Кожуф планина, 40 километри од градот Кавадарци. Има ски лифтови во должина од 370 метри со капацитет од 600 лица на еден час и скијачки појас, со капацитет од 800 лица.

“Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за навистина овој прекрасен објект, оваа ски- стаза. Дозволете ми да се заблагодарам и на сите оние општествено одговорни компании кои што учествуваа во изградбата на оваа стаза. Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост, изјави премиерот Мицкоски од отворањето на ски центарот „Михајлово“. 

Ние како Влада и во иднина ќе продолжиме да помагаме. Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата . Така што заеднички кога се работи, успехот е тука. Уште еднашка честитки и со лесно нека се користи, со убаво нека се користи оваа ски-стаза.”