Се случи тоа што се очекуваше – Од оваа сезона Ф1 трка ќе се вози и во оваа земја!

Сподели

Трката во Формула 1 за Големата награда на Катар ќе се одржи на 21 ноември во Доха, објави управата на натпреварувањето.

Тоа ќе биде прва трка во Формула 1 во Катар, а од 2023 година ќе биде на редовниот натпреварувачки календар, откако беше потпишан 10-годишен договор со организаторите.

Натпреварувачкиот викенд во Катар е на програмата од 19 до 21 ноември, а трката во Доха ќе биде 20-та во сезоната.

Раководството на Формула 1 на тој начин го пополни испразнетото место во календарот, по откажувањето на трката во Австралија.

– Имаше силна воља на Катар да помогне во Формула 1 и за време на тој процес се дискутираше и беше договорено 10-годишно партнерство. Чекорот од гестот за помош до долгорочната стратегија беше краток и едноставен, а визијата Формула 1 да го претставува Катар, по Светското првенство во 2022 година, беше движечката сила на овој долгорочен договор, се наведува во соопштението на Формула 1.

Трките во Мото ГП шампионатот  се одржуваат на патеката во Катар од 2004 година.

The post Се случи тоа што се очекуваше – Од оваа сезона Ф1 трка ќе се вози и во оваа земја! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico