Кривичниот суд одлучи да нема одложување на казната затвор за бизнисменот Сеад Кочан.
Кочан треба да се појави во затвор на 17. јули и да ја издржува затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“.
Со пресудата е предвидена и конфискација во вредност од 17 милиони евра колку што тежи тендерот од ЕЛЕМ за ископ на јаглен од Суводол, кој го добил козорциумот од три фирми.