Во просториите на Општина Илинден се одржа третата седница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден со која раководеше командантот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а покрај членовите од Штабот присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината како и претставници од ОКТА, Макпетрол и ПО Петровец, како и претставник од Општинскиот противпожарен сојуз на Илинден.
На третата редовна седница акцентот на дискусијата беше ставен на моменталната состојба со високите температури, со цел превземање на превентивни мерки за заштита од евентуални пожари на територија на општина Илинден, како и заштита од можни поплави кои можат да настанат поради нестабилност на временските услови.
На оваа седница беа дадени и препораки за спречување на настанување и за отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи.