Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска со почеток во 11 часот ќе решава за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој минатата година во ноември избега во Унгарија, каде доби политички азил.
Комисијата расправа за одземање на мандатот, откако на 15.мај претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално ја извести комисијата дека Груевски повеќе од 6 месеци неоправдано отсуствува од работата на Собранието.
Доколку комисијата донесе одлука дека на Груевски треба да му се одземе мандатот, следниот чекор е тоа да се направи на пленарна седница на Собранието, при што за таа одлука треба да гласаат 80 пратеници.
Седницата ќе ја води Снежана Калеска -Ванчева.