Седум македонски државјани се вратија со полски хуманитарен чартер лет

Сподели

 

“Ја информирам јавноста дека денес во утринските часови на Меѓународниот аеродром Скопје слета полски хуманитарен чартер лет за да си ги врати дома полските државјани затечени во Северна Македонија. Во соработка со полското МНР, понудивме враќање во земјата на македонските државјани во Полска кои побарале помош преку нашата Амбасада во Варшава. Од вкупно 33 пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија. Добредојдовте дома! Благодарност до Полска!” – напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот официјалеб фб профил.