“СЕЌАВАЊЕ НА Б.Б” во Филхармонија

Сподели

 

Оркестарот на Филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт насловен „Сеќавање на Б.Б.“ на кој како солист на флејта ќе настапи Матеј Јоакимеску од Романија, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа.

На програмата се дела од современата музика – за првпат ќе прозвучат „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ од Арво Перт и Концертот за флејта и оркестар на Дојна Ротару, а светска премиера ќе доживее Концертот за алт-флејта и гудачи бр. 2 од финскиот композитор Калеви Ахо.

Диригент: Габриел Бебешелеа (Романија)
 
 
 
Солист: Матеи Јоакимеску – флејта (Романија)
 
 
 
Програма:
А. Парт: Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн
Дојна Ротару: Концерт за флејта и оркестар
К. Ахо: Концерт за алт-флејта и гудачи бр. 2 (светска премиера)
 
 
„Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ (1977) е композиција од естонскиот композитор Авро Перт, напишана по смртта на англискиот композитор Бенџамин Бритн.