СЕЛМАНИ: Сега е време да се направи разлика, кој е за слободна демократска Македонија, а кој е со насилниците

Сподели

„Не им се плашам на насилниците, не му се плашев ниту на Никола Груевски кога неговите силеџии се закануваа на моите деца. Не им се плашам на насилниците на ДУИ и на оние што молчат и седат во иста влада со нив. Сега е време да се направи разлика – кој е за слободна демократска Македонија, а кој е со насилниците“, порача претседателот на ЗНМ, Насер Селмани од протестот кој се одржува пред Владата, како реакција на заканите добиени од висок фукционер на ДУИ.