Сент Мориц: Почнува Светското првенство во скијање

Сподели

Денеска точно на пладне во швајцарскиот Сент Мориц ќе стартува Светското првенство во скијање. Швајцарскиот ски-центар по петти пат ќе биде организатор на СП. Претходно беше домаќин во 1934, 1948, 1974 и 2003 година.

На Мундијалот ќе настапат 589 скијачи од 76 земји, меѓу нив и Македонија со седум свои претставника.

Бранителка на златниот медал во супервелеслалом освоен пред две години на претходното СП е Ана Фајт, порано Фенингер. Австриската скијачка поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда на коленото. Со повреди се мачеше и Линдзи Вон која секогаш е фаворит за највисок пласман. Големи шанси за највисок пласман на денешната прва трка од СП им се даваат и на Лара Гут (Швајцарија), Илка Штухец (Словенија) и Тина Вајратер (Лихтенштајн).

Шампионатот ќе трае до 19 февруари.