Сеул: Уапсена е поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хје

Сподели

Јужнокорејските власти рано утринава ја уапсија некогашната претседателка на земјата, Парк Геун-хје, пренесува Anadolu Agency (АА).

Апсењето е изведено по налог на судот во Сеул, врз основа на барањето на државното обвинителство.

Парк Геун-хје би можела да остане во притвор 20 дена, пред и официјално да биде подигнато обвинение против неа поради сомнеж за десетици кривични дела, вклучувајќи и изнуда и злоупотреба на позицијата.

„Како што е наведено, апсењето е извршено поради можноста обвинетата да ги уништи доказите“, изјави судијата Канг Бу-јунг за јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Парк е одведена во притворското одделение, кое се наоѓа јужно од главниот град Сеул, а во него се притворени и други осомничени високопозиционирани должници или поранешни должници во врска со овој случај, како што е заменик-претседателот на компанијата „Самсунг“, Ли Џае-јонг.

Парк наводно ги негира сите обвиненија за кои се товари, а доколку тие бидат докажани, би можела во затвор да помине децении, доколку не биде помилувана како што е направено со нејзините претходници Ро Тае-ву и Чун Ду-хван во 90-тите години.

Во изминатите пет месеци, милиони Јужнокорејци учествуваа во протестите против владеењето на Парк, обвинувајќи ја нејзината власт за врски со семејните компании.

Парк е повлечена од должноста претседател на 10 март.