Северен ветер и минусни температури

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Во западните делови променливо облачно, а во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 60 км/час.

Минималната температура ќе се движи од -13 до -1, додека максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени.

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, студено и ветровито.
T= 1 °C, P= 991 hPa, U= 46 %, V= 7 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)