Шаќири: Во продолжениот распуст да се почитуваат мерките против ковид-19

Сподели

 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес-конференција информираше дека на негово барање, врз основа на препорака од Главниот координативен штаб, Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука започнувањето на првото полугодие да се одложи до 1 февруари годинава. Согласно оваа одлука донесена врз основа на проценките од здравствените власти дека земјата се наоѓа во епидемиолошки пик со Ковид-19, учениците со физичко присуство во училиштата ќе се вратат на првиот ден од идниот месец.

“Со цел да го сочуваме јавното здравје и здравјето на нашите најблиски, повикувам на свесност и одговорност за да го спречиме ширењето на заразата. Апелираме до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено”, рече Шаќири.

Министерот истакна дека одлука нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

„За прилагодувањето на наставните планови согласно најновата владина одлука веќе сме во координација со директорот на Бирото за образование и наука”, изјави Шаќири.

Министерот информираше дека следниот период ќе се искористи за евалуација на системот за учење од далечина како и ефектите и постигнувањата од истиот.