Шапуриќ: Спречување на масовна и безмилосна сеча на шумите на планината Скопска Црна Гора

Сподели

ldp3-540x270

На последната седница на Советот на град Скопје, во рамките на советничките прашања, советникот од Либерално демократската партија, која делува во рамките на советничката група на Сојзот на иднината, професор Д-р Зоран Шапуриќ, во рамките на прашањето до градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски напомена дека на  штетите од  поплавите од невремето што го погоди градот Скопје и околината, влијаше во голема мера и масовната безмилосна сеча на шумите на планината Скопска Црна Гора, која трае со години, а надлежните  институциите не прземаат ништо да се спречи оваа сеча.

  -Ова влијаеше на намалување на моќта на задржување на слевање на водите и до предизвикување на негативни последици. Соглед на тоа што реално и во иднина може  да се очекуваат обилни врнежи на оваа подрачје, Шапуриќ праша: “Што ќе направи градоначалникот и органите на градот Скопје за да се спречи оваа масовна безмилосна бесправна сеча на дрвата на планната Скопска Црна Гора“?

Одговарајќи на прашањето на  Шапуриќ, градоначалникот Трајановски се согласи дека оваа сеча зема се поголем замав и дека тој и органите на градот Скопје во иднина ќе вложат многу поинтезивни напори во соработка со надлежните државни органи да се спречи оваа сеча.

Воедно, на седницата Шапуриќ потенцираше дека јавноста мора да биде информирана за мерките и активностите за спречување на бесправната сеча на шумите, се додава во соопштението на ЛДП.