Денешниот протест на Шарената револуција, закажан за во 19 часот пред седиштето на СЈО, со паролата „Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте“, ги повикувасите незадоволни граѓани на протест против одлуката на Владата да се задолжи кај комерцијалните банки со еврообврзница од 650 милиони евра.
„Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално“, стои во повикот за протестот.
Одлуката на Владата за задолжување беше објавена во петокот, а викендов веб страницата “Јавен долг објави линк до граѓанска петиција “Не за еврообврзницата”, со која се повикуваат сите одговорни граѓани на Македонија, да се потпишат дека не ја признаваат еврообврзницата од 650 милиони евра.