Шарената револуција ја обои МИА: Вие имате куршуми, ние имаме идеи!

Сподели

Шарената револуција утринава ја обои и Македонската информативна агенција, како порака до дописникот на агенцијата во Брисел, Бобан Нонковиќ, кој вчера коментираше на Фејсбук дека треба да се користат вистински куршуми за демонстрантите, наместо гумени, како што порача директорката на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ.

ddf

Утринава на социјалните мрежи се појавија фотографии кои беа проследени со пораките „Неможеш де убиеш идеја“ и „Пукај џабе ти е“.

„Вие имате куршуми, ние имаме идеи. Не можеш да убиеш идеја. Не можеш да запреш идеја. Не можеш да скриеш идеја“, порачаа од Шарената револуција.