Во пресрет на Светскиот денот на шегата 1-ви Април, ден кој децата со нетрпение го чекаат целата година, денеска во детската градинка “Гоце Делчев” и основните училишта во општина Илинден се одржа маскенбал, на кој можеа да се видат многу принцези, спајдермени, бетмени, полицајци, пеперутки, пчелички…
И овој пат не изостана бујната детска фантазија во креирањето на маските, при што буквално ги оживеаја бројните ликови од детските приказни, од бајките, херои од стриповите.
Дел од веселата атмосфера и дефилето под маски во училишните дворови исполнета со многу смеа, песна и детски џагор, беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој не го криеше воодушевувањето од детската иновативност во маскирањето во ликовите на своите омилени јунаци.