Шефот на кампањата на Трамп осуден на 3,9 години затвор

Сподели

Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манофорт е осуден на 4 години затвор поради даночни и банкарски измами. Малверзациите беа откриени за време на истрагата на специјалниот истражител Роберт Малер за наводно мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.

Манафорт беше обвинет во август по пет обвиненија за даночна измама, два за банкарска измама и едно за тоа што не пријавил дека поседува сметка во странска банка.

При изрекувањето на пресудата, Манафорт, кој седеше во инвалидска количка, не покажа никаква реакција. Инаку, тој е во притвор од јуни минатата година, поради што казната ќе му биде намалена за тој деветмесечен период.

Сепак, постои можност затворската казна да му биде зголемена, бидејќи во тек е судење за друг случај за кој е обвинет – пренесе МИА.