Шекил О’Нил кон крајот на деведесеттите и во текот на 2000-те беше најдоминантниот центар во НБА, а сето тоа успеа да го направи со 190 килограми!
Во едно гостување тој зборуваше за својата тежина и откри со колкава тежина играл на врвно ниво.
Тој истакна дека во најсилната лига на светот влегол во 1992 година со 130 килограми, што е прилично слабо за центар на височина од 216 сантиметри.
Потоа полека се качуваше, но кога отиде во Лос Анџелес Лејкерс во 1996 година, килограмите му експлодираа!
“Кога дојде Фил Џексон и кога го земавме првиот прстен имав 156 килограми. Потоа поминав добро лето, се вратив со 175 килограми, а по последниот прстен килограмите отидоа на 190 килограми”, откри тој.
Само да се стави во перспектива, во сезоната на првата титула, О’Нил играше во просек по 40 минути, даваше 29,7 поени по натпревар и имаше просек од 13,6 скока.
Во втората титула имаше просек од 28,7 поени и 12,7 скока за 39,5 минути по меч, а во третата титула имаше 27,2 поени и 10,7 скока за 36 минути по меч.
Во првата победничка сезона беше МВП на регуларниот дел од првенството, а во сите три сезони ја понесе титулата МВП на финалето. Меѓутоа, кога отиде во Мајами со Пет Рајли, веќе не можеше да биде така.
„Потоа ме разменија во Мајами Хит. Пет Рајли ми всади воена дисциплина и се вратив на 147 кила“, изјави О’Нил.
Тој ја освои својата четврта шампионска титула со Мајами во 2006 година. Играше до 2011 година, кога реши да се збогува од активната кошарка во дресот на Бостон.
Само тој не се тушираше по секој меч – Дур и Шек остана без зборови, тој беше најлошиот соиграч!
The post Шек искрен, освоив МВП со 190 кг – ,,Се здебелив 20 килограми и освоив шампионски прстен,,! first appeared on .
The post Шек искрен, освоив МВП со 190 кг – ,,Се здебелив 20 килограми и освоив шампионски прстен,,! appeared first on .
Powered by WPeMatico