Шестиот пакет санкции на ЕУ: Санкции за воени офицери, забрана за руска нафта и забана за руски радиодифузери

Сподели

 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска го претстави шестиот пакет санкции, што Европската унија и ги воведува на Русија поради неоправдана и неиспровоцирана агресија врз Украина.

“Прво, санкционираме високи воени офицери и други луѓе кои извршиле воени злосторства во Буча. Второ, ја отстрануваме Сбербанк – убедливо најголемата руска банка – и две други големи банки од системот SWIFT. Трето, забрануваме три големи руски државни радиодифузери од нашиот етер, кои агресивно ги засилуваат лагите и пропагандата на Путин.

-Конечно, сега предлагаме забрана за руската нафта. Да бидеме јасни: нема да биде лесно. Но, ние само треба да работиме на тоа. Ќе се погрижиме постепено да се ослободиме од руската нафта на уреден начин. Ќе го максимизираме притисокот врз Русија и ќе го минимизираме влијанието врз нашите економии” – заклучи Фон дер Лајен.