Шилегов: Политички мотивирана e иницијативата да не се пуштаат децата на школо

Сподели

Иницијативата на „Фејсбук“ преку која родители велат дека нема да ги пуштаат децата во училиште е политичка мотивирана, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Моите информации се дека иницијативата е политички мотивирана од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се дискредитираат локалната и централната власт во борбата против згададувањето“, рече Шилегов, кој денескa во Скопје учествуваше на „Форум за јавни политики: Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот: Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации“.