Широка влада на СДСМ и ВМРО како одговор на барањата на ДУИ – Филип Ивановски

Сподели

 

Да не се разбереме погрешно, секоја чест за Насер Зибери, човек кој мене лично ми има оставено позитивен впечаток како политички аналитичар и учесник во политички дебати и анализи. Сепак, изборните резултати покажаа дека македонските граѓани во господинот Зибери не го гледаат следниот премиер на Македонија и ДУИ треба што поскоро да се помири со реалноста.

За жал, гледаме дека тоа не е случај и дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе инсистира Зибери да стане премиер по секоја цена, а ако тоа сценарио се покаже неприфатливо за СДСМ, тогаш извесно е дека Ахмети ќе побара барем една половина од владините министри да бидат од редовите на ДУИ како еден вид на компензација за неприфаќањето на Зибери за премиер на Македонија.

Во такви услови, СДСМ може елегантно да одговори на етно-националистичките барања на ДУИ и да состави широка влада со ВМРО-ДПМНЕ. Ова нема да биде ништо ново или погрешно на европската политичка сцена, затоа што и една Германија повеќе од десет години функционира беспрекорно со една ваква широка влада во која учествуваат двете најголеми ривалски партии, социјалдемократите СПД и демохристијаните ЦДУ.

На новата широка влада можеме да ги додадеме и Алијанса на Албанците, Алтернатива и ДПА со што идната владејачка гарнитура би имала партнер и од албанскиот политички блок. На овој начин, ДУИ ќе замине во опозиција заедно со нивните уцени што повеќе наликуваат на политиките на Слободан Милошевиќ отколку на партија што се залага за северноатлантска интеграција на Македонија како што тие сами се декларираат.

Текстот на Ивановски за faktor.mk, во целост прочитајте го тука