Шпанија: Седуммина повредени во последната трка со бикови во Памплона

Сподели

thumbs_b_c_54c05aae2358757d4429e7a140950a86

ПАМПЛОНА (АА) – Шпанските здравствени власти соопштија дека најмалку седум лица се здобиле со полесни повреди од ударите, но дека ниту едно лице не е прободено во текот на последната трка со бикови на овогодишниот фестивал „Сан Фермин” во Памплона, јавува Anadolu Agency (AA).

Денешната трка донесе голема напнатост токму пред крајот, кога биковите удрија во група луѓе што седеа кај влезот на арената за корида, каде што завршува трката. За среќа, никој не е прободен.

Утринава во трката учествуваа над 1.000 лица а таа траеше две минути и 20 секунди. Црвениот крст на Шпанија наведе дека шест лица се пренесени во болница поради контузии, додека на едно лице му е укажана помош во арената.

Деветдневниот фестивал „Сан Фермин” стана светски познат благодарение на Ернест Хемингвеј и на неговиот роман од 1926 година „Сонцето повторно изгрева”.

Секоја година, поради фестивалот, Памплона ја посетуваат голем број туристи од целиот свет.