Шулц: На Европа ѝ е потребен заеднички министер за финансии и буџет

Сподели

Лидерот на германската Социјалдемократска партија Мартин Шулц, за кого се очекува да почне преговори со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел за формирање коалициска влада, денеска изјави дека на Европа ѝ е потребен заеднички министер за финансии и буџет на еврозоната за повеќе инвестиции, пренесе МИА.

– “Ако сакаме Европа долгорочно да стане силна, тогаш мораме да ја оспособиме де дејствува, а на луѓето да им обезбедиме да видат забележителна разлика во своите животи” – рече Шулц на деловна конференција.
Тој смета дека за да се постигне таа цел на Европа ѝ е потребен буџет на еврозоната и заеднички европски министер за финансии.

Со цел да обезбеди формирање стабилна влада, германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер утре ќе биде домаќин на заедничкиот состанок на канцеларката Ангела Меркел, нејзиниот баварски конзервативен сојузник Хорст Зехофер и Мартин Шулц.