Владата на Шведска објави дека од денеска, од секој авион кој ќе полета од аеродромите во земјата ќе биде наплатена еколошка такса, во висина од 6 до 40 евра по лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на шведското Министерство за потрошувачи се вели дека поради емисијата на јаглерод од моторите на авионите, што е причина за загадување на воздухот, секој авион што ќе полета од аеродромите во Шведска, ќе плаќа еколошка такса во зависност од должината на патувањето.
Во соопштението се наведува дека авионите кои ќе патуваат во земјите од Европската Унија (ЕУ), ќе треба да платат по 6 евра од лице. Доколку патувањето е надвор од земјите на ЕУ и должината на патувењето е до 6.000 км, тогаш еколошката такса по лице изнесува 25, додека ако должината на патувањето е над 6.000 километри, тогаш еколошката такса по лице изнесува 40 евра. Во соопштението се истакнува дека од авионите кои патуваат кон Турција, ќе се наплатува еколошка такса во висина од 6 евра.
Околу новите правила, изјава за АА даде директорот на „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) во Стокхолм, Билал Арпаџи, кој рече дека шведското Министерство за потрошувачи ги иформирало за најновите законски обврски и додаде дека новонастанатата состојба ќе се одрази врз цената на билетите уште овој месец.
– Реакција од „Scandinavian Airlines“ –
Од друга страна, „Scandinavian Airlines“ (Скандиневијан ерлајнс систем-САС) реагираше на новата законска регулатива. Во соопштението што го објавија се наведува дека новововедената такса негативно ќе влијае врз економската состојба на милиони Швеѓани. Во соопштението на САС се истакнува дека голем дел од Швеѓаните за своите одмори преферираат далечни светски туристички дестинации, заканувајќи се дека поради новонастанатата ситуација, компанијата ќе биде приморана за патувањата кон далечните дестинации, своите канцеларии да ги префрли во Копенхаген, главниот град на Данска.